Постави реалистични цели за твојот проект

Треба да се запрашаш: Што сакаш проектот да постигне? На крај, се работи за крајниот резултат. Колку појасно и пореалистично ги дефинираш овие цели, полесно ќе ти биде успешно да ги поставиш потребните чекори на проектот и да го постигнеш саканиот краен резултат.

Овие прашања ќе ти помогнат во дефинирање на јасни и конкретни цели:

-        Што сакаш да постигнеш со проектот?

-        Кој ќе биде форматот на посакуваниот производ?

-        Како планираш да ги искористиш резултатите?

-        Какви промени ќе има од проектот ?

-        Какво влијание сакаш да имаат младите?

Запомни дека влијанието може да биде многу нешта – и не секогаш може лесно да се измери! Немој да мислиш дека учесниците имаат влијание само ако им е дадено моќ да донесуваат одлуки. Многу почесто, влијанието значи придонесување во вид на давање идеи, препораки и мислења кои оние со моќ на донесување одлуки ќе ги земат во предвид. Потешкиот дел во еден ваков проект е да се осигуриш дека резултатите се темелно земени во предвид . Не грижи се – неколку од наредните OPIN совети и трикови ќе ја допрат оваа важна тема!